Македонија
4. March 2023 - 16:36

Мицкоски не прифаќа лидерски средби, бара предвремени избори, власта верува дека ќе има поддршка за уставните измени

Не е време за лидерска, туку распуштање на Владата и предвремени избори. Мицкоски му одговори на Ковачевски, кој вчера најави стартување на процесот за уставни измени во мај, но без консултации на лидерска средба бидејќи за ова прашање потребен е национален консензус.

Иако без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени не може да има, министерот Османи е убеден дека во овој процес ќе преовладаат аргументите ЗА. Уставните измени се важни за напредокот на државата и тука мора партиите да се изгинат над личните интереси, дециден е Османи.

Внесувањето, односно промената на Уставот е важно за да продолжи процесот на преговори и тука ние ќе мора да постигнеме надпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес, вели Османи.

Понижувачкиот однос од Бугарија пак ја намали и поддршката за членство во Унијата, а последните анкети покажуваат дека дури две третини од граѓаните се против уставните измени за впишување на Бугарите како конститутивен народ.