Македонија
8. March 2020 - 15:36

Мицкоски не отстапува, нема да биде на листа за пратеник

Останува кандидат за мандатар, анема да биде на листа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема да го промени ставот и одлуката. Листите, вели, не се готови односно ќе бидат до вторник кога ќе заседава партискиот Централен комитет.

-Ако сте се определиле за кандидат за мандатар, би бил чесно и честито за тоа да се кандидирате. Ако бидете потенцијален кандидат за неколку функции, тоа е затскривање позади поразот. Ако се стремите кон една цел, развивате план и стратегија за таа цел, но ако имате резервен план доколу не стигнете до таа цел, тогаш не сте искрен – рече Мицкоски, додавајќи дека кандидатите за мандатар, според него, не треба да го користат пратеничкиот мандат за затскривање.