Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, а завршниот чин ќе го видиме во петок
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва обвини дека Владата и премиерот Заев направиле циркус со случајот со Сашао Мијалков. Тврди дека станало јасно оти има договор меѓу власта и Мијалков.
– Прво се договорија да избега, па се договорија да се врати. Со посебен третман, со насмевка, со шамар за полицијата, судот, обвинителството, со шамар за власта. Недостасуваше уште само да му се извинат, зашто тој им се извини нив. Тоа е најдобра потврда дека има криминална коалиција Зоран, Вице и Сашо. Но, домашниот есап на пазар не излегува, изјави Мицкоски на прес-конференција во партиското седиште.
Според него, само жестоката јавна расправа го спречила бегството на Мијалков, а не чекорите на власта.
– За десетици часови го упропастија системот и поплукаа по правдата. Дека се е договорено и дека нема логика тоа што тврди Заев, дека жестоко го притиснал и го вратил од намерата за бегство Сашо Мијалков говори тоа што тој се прошета пред камера на провладина ТВ и пред новинар кој случајно се нашол таму. Полиција нема, ама камера има. Наместо во суд, покана за притвор добива во обвинитеството, рече Мицкоски.
Забележува и што на Мијалков не му е одреден ефктивен, туку домашен притвор, а ќе нема ниту истрага за бегство. Целиот случај, како што наведе, нема да заврши со лисици на рацете на Мијалков туку со договор, а завршниот чин ќе го видиме во петок.
Прашан дали има ист став и за бегството на Никола Груевски, Мицкоски рече дека сите треба да се соочат со правдата, сите што се бегалци. За тоа дали има сознанија за договор и со Груевски, како што тврди дека има со Мијалков, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека тоа треба да го каже Заев дали има договори со сите бегалци што ја напуштиле државата.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
