Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
Важно е да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на дневна основа се решаваат проблемите поврзани со случувањата во Кочани. Најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на трагично починатите и на повредените.
- Конкретно ќе го кажам примерот со дечињата што се враќаа пред два-три дена од Анкара кои имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул. Лично разговарав со еден од родителите, со луѓето од најблиската околина и лично со претседателот Ердроган, се среди целата работа... така ќе биде и во периодот што следи. Оваа работа ќе трае со години, нема да биде работа што завршува. Се што можам ќе сторам и ќе разговарам лично и со родителите и на повредените, но и на тие кои трагично ги загубија своите најмили. Цела Македонија се уште боледува и ќе боледува и ова нема да биде болка што ќе престане, но мораме да се соочиме со сето тоа и да ги решаваме работите, не може тие сами да ги решат, изјави Мицкоски.
Додаде дека ќе има и политички структури кои ќе се обидат да соберат политички поени од трагедијата, но додаде дека е важно како Влада да ги решаваат проблемите.
Во однос на обвинувањата дека се води селективна истрага, Мицкоски рече, дека тоа е прашање за Обвинителството, бидејќи тоа ја води истрагата, а не Владата и упати апел до сите „политички чинители да ги остават обвинителите и судиите да ја работат работата“.
- Одговорот на тоа прашање најдобро е да ви го дадат обвинителите, јас нема да се мешам во истрагата, така реков од првиот момент, ниту пак сум се јавил на телефон, ниту сум комуницирал со некој од Обвинителството. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи, кој редовно ме информира за многу тековни активности. Ова е прв приоритет за мене како премиер на Владата, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија
-
Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
-
Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“