Македонија
6. August 2024 - 17:11

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

 На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од три милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.

- Оваа „златна” генерација донесе 8 победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција, напиша Мицкоски на фејсбук.