Мицкоски на средби со лидери од сестрински партии
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и партискиот потпретседателот Александар Николоски во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии од семејството на Европската народна партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се посочува дека Мисковски ќе има средба со претседателот на Фидес и унгарски премиер Виктор Орбан, по што во Љубљана ќе се сретне со премиерот на Словенија и лидер на Словенечката демократска партија (СДС), Јанез Јанша.
– Ова е особено значајно за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ, се наведува во соопштението.
Партијата информира дека при неколкудневната дипломатска активност Мицкоски ќе оствари средби и со претставници на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
– Средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија, кој е блокиран со ветото од источниот сосед, застојот кој го има земјава во однос на реформите. Средбите ќе бидат насочени и кон градење на мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување на инвестиции и размена на знаења со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
