Мицкоски на средба со Петков: Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување
Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ имаше средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.
На средбата се разговараше за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се задржа на истите позиции кои се и претходно јавно познати.
Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави.
Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји.
Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување, посочи Мицкоски.
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!