Мицкоски на средба со Палмер во Стејт департментот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Вашингтон имал работна средба со заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метхју Палмер, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт департментот.
На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата било разговарано и за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција, како и дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакнал дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
