-->
-->
Мицкоски на средба со граѓани во Штип побара масовна поддршка за Сиљановска Давкова
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на населбата Сењак во Штип.
Пред присутните граѓани Мицкоски истакна благодарност за поддршката за кандидатот за претседател Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и побара уште помасовна поддршка и запечатување на победата на Сиљановска Давкова во вториот круг на 5 мај.
Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори 5 мај одлучуваат за сопствената иднина но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи.
Претседателот Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата.
Тој потенцираше дека со победа на Сиљановска Давкова ќе се отвори можноста и за предремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.
Заедно со народот ние стигнавме на првиот мегниг. Тој прв мегниг беше онаа голема победа во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе нашиот втор мегниг е 5 мај сега во недела кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател а Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова можеме да победиме во цела Македонија. Третиот мегниг ќе биде победата на предвремените парламентарните избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен мегниг ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажеме сонот за Македонија онаа нашата цел која што си ја зацртавме кога започнавме да се бориме стане јаве, вели Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор