Мицкоски на средба со делегацијата од Република Словенија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот, Александар Николоски и меѓународниот секретар, Тимчо Муцунски денеска (10.02.2020) остварија средба со делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан.
На средбата се разговараше за европската перспектива на Македонија, законот за обвинителство, претстојните парламентарни избори и актуелните политички случувања во Република Македонија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека главна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската Унија.
Тој посочи дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија на патот кон ЕУ се криминалот и корупцијата кај високи државни и партиски функционери од СДСМ.
Мицкоски потенцираше дека на државата и е потребен Закон за обвинителство кој ќе биде напишан од експерти, ќе ја приближи државата до Европската Унија и конечно ќе ја врати правдата во Македонија. Она што сега го нуди СДСМ како законско решение посочи тој е само обид за амнестија на криминалите сторени изминатите три години.
Тој истакна дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде целосно фокусирана на реформите и приближување на државата до европските стандарди со цел да ја стави државата на брзата трака за членство во Унијата.
Соговорниците се согласија дека односите помеѓу двете држави се на одлично ниво, а словенечкиот и македонскиот народ се пријателски народи. Сепак постои простор за продлабочување на односите на економски и научен план се согласија соговорниците.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
