Мицкоски му го образложил на Рикер законот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ за обвинителството
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, ги објаснил деталите и аспектите на законот за организирање на обвинителството што го предлага неговата партија.
Мицкоски, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, укажал и на важноста од бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип.
Теми на средбата биле и развојот на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата.
– Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците ја истакнале важноста за развој на македонско-американското стратешко пријателство и поддршката на процесите важни за државата. Мицкоски ја потврдил заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско-американските односи.
Претходно, по средбата со Мицкоски во седиштето на партијата, Рикер изјави дека од опозицијата очекува конструктивност за законот за јавно обвинителство.
– Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, рече Рикер по едночасовната средба со Мицкоски.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани