Мицкоски: Мерките на власта се само козметика, Владата да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ
Не е тоа предлог сет мерки на власта кои што ќе помогне. Напротив мислам дека тој нема воопшто да значи нешто посебно за граѓаните, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос на најавите на владата за нов сет на мерки за стопанството.
Мицкоски потенцираше дека единствено нешто што е за поздравување од страна на власта е што прифатиле јавните претпријатија со водостопанска дејност да добијат повластена цена на електричната енергија, додека другите мерки како што рече тој се гола козметика, и го повика владејачкото мнозинство да ги поддржи предлог мерки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кои значат вистинска помош за граѓаните и стопанството.
Единственото кое што го поздравуваме е што конечно прифатија да сите оние јавни претпријатија кои што се занимаат со водостопанска дејност, тука ги вклучија и пречистителните станици и канализациите итн, да добијат цена на електрична енергија која што ќе биде како што тие ја нарекуваат повластена, откако пред неколку години ги извадија на слободен пазар и ги оставија на милост и немилост на трговците, и тоа директно беше на штета на граѓаните. Тоа е добро и ја поздравувам одлуката тоа што конечно го прифатија зошто ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше и на тој начин ќе се намалат сметките на граѓаните и на стопанството за вода и за услуги кои ги нудат пречистителните станици. Тоа е многу добро и тоа го поддржувам. Но, се останато е гола козметика и веќе видовме дека е гола козметика, кажа Мицкоски.
Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме сет на мерки кои што во парламентот пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на дневна основа ги промовира. Внимателно следете ги бидејќи тоа е вистинското на кое што им е потребно на граѓаните во овој момент и во таа насока јас очекувам да се движи владејачкото мнозинство и заедно да изгласаме поддршка за младите, пензионерите и за сите оние целни групи кои што се опфатени со мерките на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаме викендот без ДДВ за основните прехранбени производи. Го слушнав Ковачевски дека тој проект не бил на ВМРО-ДПМНЕ, туку на ЛДП, па еве нека е така, ги повикувам двата пратеника да се потпишат на предлог амандманите, нека биде на ЛДП, не мора да е на ВМРО-ДПНМНЕ, само да го изгласаме и да направиме нешто добро за граѓаните, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје