Мицкоски: Маричиќ да го советува Петков да не се меша во македонските внатрешни работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Телевизија 24, во врска со доаѓањето на претседателот на Бугарија Кирил Петков и изјавите на новиот вицепремиер Бојан Маричиќ, истакна дека очекува Маричиќ да го советува Петков по истиот принцип да не се меша во внатрешните права на малцинствата во Македонија.
-Сигурно ќе го советува, очекувам Маричиќ да го советува Петков и тој да не се меша во македонските внатрешни работи да бара уставни измени коишто би ги опфатиле малубројните македонски Бугари, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од официјална Софија е пристигнат предлог за формирање на пет комисии коишто ќе разговараат за различни теми кои се во суштина пресликување и разложување на Резолуцијата која што е донесена во бугарскиот парламент само во пет дела.
-Суштината е дека Резолуцијата на Бугарскиот парламент од ноември 2019 година е разложена во овие пет комисии, од кои суштинска е петтата комисија за историски прашања и претпоставувам дека текот на разговорите, со првата ќе бидеме блиску до решение, за втората веќе ќе се договориме не гледам пречка да не е така кога станува збор за научна соработка, за инфраструктурата ќе се договориме никој не е против , за четвртата ќе бидеме блиску, а за петтата ќе бидеме на почеток, но целиот тој пакет да биде дел од преговарачката рамка, и тогаш ќе заврши целокупниот процес на преговарање за историските факти бидејќи ако сето тоа влезе во преговарачката рамка тоа веќе не е билатерален проблем тогаш веќе ќе стане наш проблем со Европската унија, објасни Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
