Мицкоски: Македонија не е заробена туку изгубена држава
По три години власт не докажавте дека е заробена држава, но затоа Македонија денес е изгубена држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосвски преку Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев дека е време за конечен пораз на „заробената држава“ што ја оставила претходната власт. Мицкоски причината за тоа дека Македонија е изгубена држава ја лоцира во начинот на кој владее Заев.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи закон чија единствена цел е амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата, но и дека имплементацијата на правдата зависи токму од неговата партија.
За Мицкоски е неприфатливо е сегашната специјална обвинителка Катица Јанева и нејзините роднини и пријатели вработени во СЈО по сила на закон да биде префрлена во државното обвинителство. Наместо тоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара расчистување на случајот „Рекет“.
Од владејачката СДСМ коментираат дека ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е на страната на правдата со прифаќање на законот за обвинителство.
За забелешките дека Јанева и нејзиниот тим не треба да бидат дел од обивнителството поради Рекет, Шахпаска коментира дека токму затоа и течат преговорите.
Законот за јавно обвинителство веќе е стигнат во собраниска процедура и е ставен е на дневен ред на седницата на 27 август.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар