-->
-->
Мицкоски: Ќе понудиме закон за амнестија на осудените од 27 април
-->

Пред органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложам да изработиме закон за амнестија на осудените лица од настаните од 27 април во Собранието на РМ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Телма.
Откако ќе ја добие партиската поддршка, Мицкоски рече дека законот ќе биде предложен и до Собранието, а лично тој ќе побара поддршка и од пратеникот Зијадин Села.
- Ова е класично политичко дело и политичка пресуда - 81 година затвор за луѓе кои го спроведуваа редот, да им се даде драконска казна, а на слични такви дела им се дава по една година. Не можам за ништо друго да поверувам, туку дека станува збор за дела кои имаат политичка мотивираност и токму поради тоа ќе побарам да се изработи еден ваков закон, истакна Мицковски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
