Мицкоски: Камиони на братот на Заев возат за РЕК Битола
Камиони од струмичка компанија во сопственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, со налепници од битолската компанија “СВ Инвест”, се ангажирани за превоз на јаглен во РЕК Битола, обвинува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тврдењата за ваквиот криминал тој ги поткрепи со видео материјал, од кој според него, може да се види дека товарните возила кои се со ознаки на битолската фирма, имаат струмички регистарски таблици. Побара Јавното обвинителството веднаш да го истражи случајот.
Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицковски, реагираат од СДСМ.
Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста.Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста, стои во соопштението од социјалдемократите.
Од АД Електрани на Македонија, во чија сопственмост е РЕК Битола, реагираат дека тврдењата на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ се неточни.
Оттаму информираат дека фирмата „СВ Инвест“ - Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
