Мицкоски: Јас можам да ви пуштам 20 снимки за моја ликвидација, со тоа ли да ја забавуваме македонската јавност?
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на МРТВ изјави дека не се смета за соучесник во процесот што кулминираше на 27 април. Според него, Македонија е единствената НАТО-држава и кандидат за членка во ЕУ со 35 терористи.
-Ако мене ми го поставите прашањето како што доликува е тоа дали овие луѓе беа испровоцирани и емотивно изреагираа, одговорот мој ќе биде – да, беа испровоцирани и емотивно изреагираа. Дали влегоа во Парламентот, а не требаше, мојот одговор е – да. Дали имаше насилство – да и не го оправдувам насилството. И по стоти пат ќе го кажам тоа, но дали треба да одговараат за тероризам, одговорот е – не – рече Мицкоски.
Мицкоски за снимката каде што се говори за ликвидација на премиерот посочи дека тој може да пушти најмалку 20 такви снимки и за негова ликвидација и ликвидација на неговото семејство.
-Јас можам да ви пуштам саат време да слушате луѓе кои што се гоштеваат со мојата глава, со телата на моето семејство. И тоа ли треба сега да го зборуваме? Тоа треба да го пуштаме преку наши блиски портали, со тоа ли треба да ја забавуваме македонската јавност, кога на дневно ниво ни умираат од 30 до 50 луѓе – истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада