Македонија
13. September 2020 - 19:51

Мицкоски ја окрупнува опозицијата

Со трансфер на дел од раководството на Интегра ВМРО-ДПМНЕ го најавува процесот на окрупнување на опозицијата.

Поранешниот потпретседател на Интегра, по средбата со Мицкоски рече дека голем дел од раководството и членството го напушта лидерот Љупчо Ристовски бидејќи партијата ја претворил во секта.

Мицкоски обвини а Зафировски призна дека Интегра во време на изборите примала финансии од друга партија за да работи против ВМРО-ДПМНЕ во корист на актуелната власт.
Од Интегра демантираат дека дел од раководството преминало во ВМРО-ДПМНЕ. Велат потпретседателот Зафировски бил разрешен поради морална грешка а на дел од раководството му бил оставен простор само да реши дали ќе остане во Интегра или ќе си замине.

„Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија“, стои во партиското соопштение.

На јулските избори партијата Интегра доби поддршка од 1,3% или нешто повеќе од 12.000 гласа, точно колку што беше разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.