Мицкоски: Избори на кои ќе ги победиме црнилата
Потребни се предвремени парламентарни избори. Народот да одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за напредна и успешна Република Македонија, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил, споделувајќи го и ова видео.
-Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-
Од петок цело Скопје без вода
-
Денеска нова цена на струјата
-
Германија го враќа центарот за поправка на украинска опрема од Словачка
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога
-
Во Тирана уапсени дилери на дрога кои работеле како новинари
-
Студен бран со пообилни врнежи од дожд и снег
-
МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци
-
МВР со детали за акцијата во Арачиново, пронајдено оружје и муниција