Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има интервенција во пресметката на минималната потрошувачка кошничка и во нејзината подготовка да бидат вклучени сите засегнати страни, врз основа на, како што изјави денеска, објективни параметри, со земање во предвид на поскромни цени, а не со тие во поекслузивните супер маркети.
На новинарско прашање за исходот од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет за измени на методологијата за пресметка на минималната кошничка, Мицкоски повтори дека некои производи до сегашната минималната кошница му се чудни, истакувајќи дека не е логично да има цигари и оти тој во јануари не пробал цреши, праски, дињи, лубенци.
- Во текот на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет беа присутни претставници од повеќе синдикати и од работодавачите, Владата е фасилитатор во тој процес и гледате дека ние не се криеме, сакаме да бидеме транспарентни и да одговараме на сите прашања вклучително и на ова прашање. Јас ја добив таа методологија и ја читав и забележав таму работи кои навистина мене ми делуаа многу чудни. Еве јас во јануари дел од овие прооизводи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, црешни, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме ние тие што ќе го надсинхронизираат она што е работено од синдикатот, а оценувано од страна на двајца поранешни министри на СДСМ, Никола Поповски и Драган Тевдовски, рековме ајде да вклучиме од сите страни и сите заедно да ја формираме минималната потроишувачка кошница, цените да не бидат на еден од поексклузивните марки на супер маркети, бидејќи е минимална кошница од тие што се со поскромни цени, да избереме средина, и така да ја пресметуваме минималната потрошувачќка кошничка. Можеби ќе биде и поголема од оваа што е сега, можеби и помала, не можеме да претпоставиме треба да се организираме да создадеме методологија и врз основа на неа да креираме политика, рече Мицкоски.
Во јануари, дополни тој, простете не пушам цигари, не изедов ниту една цреша, не знам као изгледаат праски и кајсии, ниту пак диња и лубеница, ниту пак грозје, така што ценам дека тука треба да има интервнција и нешто пообјективно за да можеме врз основа на тие објективни параметри да водиме политика. Вака сега не можеме, посочи Мицкоски.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дебакл на Шукова и Филипче, уште непочнат им пропадна осмомартовскиот марш
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
