Мицкоски: Илинден е крикот на поробениот Македонец, наша должност е да ја зачуваме оваа држава!
Илинден е крикот на поробениот Македонец, тоа е жедта за слобода и човечки правдини, природниот стремеж за своја држава на секој Македонец.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на чествувањето на денешниот празник во Ташмаруниште, струшко.
- Илинден e вознесот на една столетна борба на обесправениот народ, каде саможртвата е нужност тогаш кога борбата е единствениот начин до целта. На самопрегорот кој го поднесоа тие гледаа како на поднослива саможртва, затоа што љубовта кон својата земја и татковина беше најголема жртва која можеа да ја поднесат . Претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред насобраните Илинденци рекол „Ние револуционерите дигнавме пушка, и на нашето црвено знаме напишавме, СМРТ ИЛИ Слобода, за да си ги запазиме животот, верата и честа. Ние го кренавме тоа црвено знаме и назад нема затоа што пред нас ја имаме целта, нашата мила Македонија“, истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека секогаш ќе биде дилемата дека сепак востанието не успеало, дека шансите за конечна победа во тој момент биле еднакви на нула, но востание се случило и тоа е факт кој ќе биде врежан во историските читанки и во сите Македонци
-Сето ова го знаеле и Карев, и Питу, и Груев, И Узунов, и сите останати, но сепак борба имало, затоа што биле подготвени со својот живот да се борат за слободата, за ова парче земја во кое ние денес живееме, работиме и се образуваме. Затоа денес ние го славиме ова дело со срца полни со восхит за нивната саможртва, нескршлива волја и пркост пред бројниот непријател. Затоа што најлесно било да се предадат кога било најтешко и тогаш кога не се гледало никаков излез, но тој бунтувен дух на овие револуционерни титани бил многу поголем од било кој страв кој би ги натерал да се предадат и да го положат оружјето. И тука свој удел има и токму Ташмаруништа чии што жители директно се вклучиле во востанието кое бил сенароден отпор на обесправените и чиј што исход завршил со крваво задушување на востанието, но сепак тогаш биле поставени темелите, а победите дошле веднаш потоа со вториот Илинден на оние кои ја продолжиле борбата. Оваа генерација на Македонци им должи се на овие луѓе кои со животи ја платија слободата и независноста. Слава им! Да им е вечна земја, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека кога се збори за вака една епска борба за слобода, и кога се имаат во предвид последиците кои подоцна се чуствувале, човечките жртви, уцени, палења, пустоши што се случувале, основната порака денес симплицифирана, поедноставена е дека живееме скапа слобода испишана со човечки жртви која мораме да ја сочуваме, и нејзиното зачувување пред се зависи од нас самите.
-И кога се знае какви надчовечки напори биле давани, какви жртви само паѓале, колку семејства биле затворени, зацрнети во тој илинденски период , кога ќе ја погледнеме храброста како онаа на Питу кој соочен со неколку илјаден противник наспроти себе гласно изустувал во последните минути од својот живот “ако веќе нема слобода тогаш има смрт”, или војводата Узунов кој две години по востанието во последните часови од својот живот и пишува на сопствената мајка, “Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила”- и кога се има во предвид сето ова, што би биле ние ако не го почитуваме нивното дело. А она што Илинденците, и оние пред нив и по нив не задолжиле е еден единствен завет, МАКЕДОНИЈА и ништо друго, порача Мицкоски.
Пред насобраниот народ тој истакна дека треба да се потсети на имињата на револуционерите,но и да го опише нивното дело кое нам не задолжува.
-Македонија е име кое се изговара со смирена благонаклоност, со чест и достоинство, со вера и со гордно крената глава. Илинденците ги поставија темелите, нивните наследници партизаните продолжија со градба, наша должност е да ја зачуваме оваа држава која е составена од човечки судбини, страдања и премрежја, рече Мицкоски.
Тој се осврна и на политичката ситуација во земјава.
-Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европската Унија, а демек сите останати кои не ја споделуваме нивната капитулација, не сме биле за ЕУ. Да не знаевме со кого си имаме работа може и некој ќе им поверуваше, а вака сето тоа удирање во гради за Европската Унија завршува во секундата кога ќе се подели некој тендер во здравството, или државна помош на фирмата на вицепремиерот, па затоа за да се одбегне јавноста кругот ќе се прошири со фирми на нивните кумашини. Или кога вицепремиерката така поради добро расположение со државен хелихопер ќе одлета на ручек, додека во болниците имаме недостаток на инкубатори за новороденчиња и имаме недостаток од амбулантни возила и кога полицајци и војници пешки го обезбедува теренот, затоа што возила нема. ЕУ не почитува такви политичари, рече Мицкоски и порача:
„И затоа колку и да се удираат во гради дека биле за ДА, толку повеќе луѓето во Македонија ќе им кажат големо НЕ, доста е!“
Ново на Сител
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион