Македонија
26. July 2019 - 19:27

Мицкоски и Рикер разговараа за новиот закон и потребата од неговото донесување

Потребен е напредок за Законот за обвинителство и специјалното јавно обвинителство, опозцијата мора да покаже конструктивност, помина времето со подигрување на перспективата на граѓаните и државата. Високиот претставник на Стејдепартментот Филип Рикер кој е во посета на државата и лично му ги пренесе пораките на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што претходно ги испрати и по средбата со премиерот Заев.

Средбата Рикер – Мицкоски непланирано траше повеќе од еден час, но изјавата на американскиот дипломат по нејзе беше куса.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, се задоволни од атмосферата во која поминала средбата.

- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објасни деталите и аспектите на предлог законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип. Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македониј, соопштуваат од опозициската партија за средбата.

Претходно, Мицкоски одговори и дека политичките игри и неконструктивноста, се на страната на Владата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага шефот и обвинителите што ќе работата новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција  да не бидат преземени од СЈО, бараат целосна истрага за инвовирноста на Катица Јанева во случајот Рекет, финанисиска независност на целотот обивнителство, а досегашните истраг и постапки да бидат преземени од актулниот државен обвинител Љубомир Јовески.