Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон, самиот потег на бегство не го оправдувам
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Гостивар, коментирајќи ги последните случувања во државата, оцени дека Владата не ја води државата во добра насока, а за бегството на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски повтори дека тој е жртва на политички прогон и оти самиот потег на бегство не го оправдува.
Според Мицковски, македонската јавност е сведок на театар кој кога не би бил трагичен, би бил смешен, а главната улога ја има претседателот на Владата.
– Сакам да апелирам до претседателот на Владата да се вразуми и сериозно да ја сфати состојбата бидејќи илјадници животи зависат од неговите потези и затоа што не само што не ја води државата во добра насока, туку таа е погрешна и ќе бидат потребни многу генерации за да ја исправат, изјави Мицковски во изјавата дадена пред почетокот на трибината организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на бегството на Груевски, Мицкоски посочи на својот последен фејсбук статус во кој вели дека Груевски и други поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се жртви на политички прогон, но оти не може да го оправда таквиот начин на бегство.
Мицкоски најави дека наскоро до Владата и парламентарното мнозинство ќе достават повеќе предлог решенија за подобрување на состојбите и за забрзување на реформските процеси.
– Покрај потпишаниот капитулантски договор пред нас се четири многу важни области од кои зависи успехот на земјата во приближувањето кон ЕУ. Периодот е многу важен бидејќи има избори во ЕУ така што времето е многу кратко за овие реформи, за Македонија да успее, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

