Мицкоски: Горивата треба да поевтинат за 13 и 9 денари
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предложи намалување на акцизата на горивата.
„Во крајната цена 89,5 ден/литар на БС95 се содржани:
⁃ 53 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)
⁃ 22 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)
⁃ 1 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)
⁃ 13,5 денари/литар (ДДВ).
Доколку се намали на 50% акцизата на горивата како што предлага ВМРО-ДПМНЕ и наместо 22 денари/литар биде 11 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 13 денари/литар поевтина.
Во крајната цена 85,5 ден/литар на дизелот се содржани:
⁃ 56,5 денари/литар (во оваа цена се вклучени цената на горивото, маржата и дистрибуцијата)
⁃ 15,5 денари/литар (во оваа цена е вклучена акцизата)
⁃ 0,5 денар/литар (во оваа цена се вклучени надомест за животна средина и надомест за резерви на нафта)
⁃ 13 денари/литар (ДДВ).
Доколку, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, се намали на 50% акцизата на горивата и наместо 15,5 денари/литар биде 7,75 денари/литар, тогаш вкупната цена ќе биде околу 9 денари/литар поевтина.“ - напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
-

Француската полиција приведе 326 лица по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите
-

Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
-

Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер
-

ПСЖ по пенали го совлада Арсенал и ја освои Лигата на шампионите.
-

ЛШ финале: ПСЖ и Арсенал играат продолженија
