Мицкоски го повика Заев да организира лидерска средба во формат кој не би надминал повеќе од четворица
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повикал премиерот Зоран Заев во најскоро време, во текот на утрешниот ден, не подоцна од понеделник да организира лидерска средба во формат кој не би надминал повеќе од четворица.
-Како што беше праксата и до сега, односно најголемата политичка партија која ја сочинува владата, најголемата политичка партија на Албанците во Република Македонија која е коалиционен партнер во владата, најголемата опозициона партија, во случајот тоа е ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија на Албанците во Република Македонија да седнеме, да разговараме отворено за сите оние отворени прашања кои му претходат на формирањето на новиот состав на ДИК, па дури потоа да дискутираме за формирањето на новиот состав на Комисијата, вели Мицкоски кој изрази надеж дека ќе преовладува разумот и мудроста кај владата.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти лидерската средба по нешто повеќе од час поради незастапеност на сите политички парламентарни партии, како и поради девијантното однесување, како што рече Мицкоски, на владини претставници и парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден.
Ново на Сител
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници