Македонија
3. October 2023 - 16:44
Мицкоски го повика Спасовски да си замине од Владата ако не се согласува со амнестија
Спасовски да престане да прави театар и ако се противи на Законот за амнестија на неговата Влада, да си поднесе оставка. Откако вчера јавно за прв пат не се согласи со Ковачевски, опозицискиот лидер денеска го праша шефот на полицијата дали е подготвен да прифати дека Владата во која седи го враќа криминалот на улица.
Мицкоски од Охрид ја предупреди Европа дека Русија преку Бугарија го шири своето влијание на Балканот и побара официјален Брисел да преземе мерки за да се спречи асимилацијата на Македонците.
Месец и половина по фијаското на седницата за внесување на Бугарите во македонскиот Устав Мицкоски и натаму повторува дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи уставни измени под, како што вели, бугарски диктат.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->