Мицкоски ги пренел забелешките до Фон дер Лајен
Вистинскиот датум за старт на преговорите, историските прашања во преговарачката рамка и негирањето на македонскиот јазик се трите клучни проблеми за ВМРО-ДПМНЕ во францускиот предлог.
Овие ставови партискиот лидер попладнево лично и ги соопштил и на Претсдателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен на средбата кој ја имаа во партиското седиште. Мицкоски ја прашал Фон Дер Лајен кога вистински почнуваат преговорите, дали веднаш по прифаќањето на францускиот предлог или со измената на македонскиот Устав. И ја пренел загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ затоа што историските прашања ќе го трасираат патот по кој ќе се движат пристапните преговори за Македонија.
Нагласил дека бугарските фусноти во европската документација никако не можат да бидат гаранција за чист македонски јазик во Европа. Што му одговорила претседателката на Европската Комисија Мицкоски не сакаше да открие
Рече дека на Фон Дер Лајен и пренел Македонската историја добро ги памети неделата кои што бугарскиот фашистички окупатор ги вршел низ Македонија
Мицкоски вели дека тој останува со граѓаните на протестите и дека неговата партија нема да даде поддршка за промена на Уставот.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
