Македонија
26. October 2019 - 19:40

Мицкоски ги критикува економските политики на Владата

Економски бум, повисоки плати и враќање на македонизмот во Македонија најави опозицискиот лидер на партиски собир во скопско Драчево. Тој на граѓаните им порача дека по промената на власта наместо празни ветувања, ќе видат вистински резултати.

Коментирајќи го повикот на премиерот Заев опозицијата да застане зад интересите на државата Мицкоски порача власта е таа кој стои зад личните а не државните интереси.

Мицкоски ги повика граѓаните во периодот до изборите сите предлози и идеи да и ги доставуваат на партијата за да може тие да станат дел од новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ која како што најави ќе донесе обнова на Македонија.