Мицкоски-Галовеј: Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска 12.01.2022 година остварија средба со Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, економија и енергетската криза со која се соочува државата и граѓаните.
Претседателот Мицкоски посочи дека новиот состав на владата на СДСМ нема легитимитет од страна на граѓаните да владее, укажувајќи дека немањето на стратегија, визија и план од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и поставување на стари истрошени кадри на позиции лошо ќе се одрази врз реформите за кои како што рече се неопходни се со цел Македонија да се придвижи напред.
Од страна на претседателот Мицкоски беа посочени и предизвиците со кои дополнително се соочуваат граѓаните во однос на економската криза, а воедно информираше дека поради задоцнето постапување и лошо менаџирање со државата и институциите Македонија се соочува со енергетска криза која пак негативно влијае на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото Кралство и ја дава на Македонија, посочувајќи дека Обединетото Кралство на Велика Британија и понатаму останува еден од стратешките партнери и интереси на ВМРО-ДПМНЕ.
Соговорниците изразија подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателскиот однос.
Ново на Сител
-
Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори
-
Во Прилеп приведено лице барано со потерница
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија
-
Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени