Мицкоски: Европеизација одвнатре за да бидеме конкурентни во Европа

ВМРО-ДПМНЕ се реорганизира и доекипира и се поголем е бројот на луѓе од различни политички провиненци што ни пристапуваат, така што очекувам масовна поддршка од граѓаните на Македонија и голема победа на предвремените избори закажани за 12 април идната година, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска во Охрид имаше средба со граѓаните и партските симпатизери во рамки на теренските активности на партијата насловени „Обнова на Македонија“.
Во врска со промовирањето на грчкиот бренд „Macedonia the GReat“ Мицкоски истакна на дека опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ веќе се навикнати на практиките што ги спроведува Зоран Заев, како што рече, авантуристички политики што ги води, од медиумите да се дознава што всушност тој зборува и прави.
– Освен што слугува и коленичи низ светот, ние не знаеме што е разговарано со Мицотакис, кои се темите. Тоа претставува акт што не е во насока на подобрување на односите, туку само продолжување на егзибициите што ги почна Заев минатата година, рече Мицкоски.
За новата методологија на ЕУ за проширувањето, Мицкоски рече дека претставува рамка чии детали дополнително ќе се прецизираат и утврдуваат.
– Колку време сега ќе биде потребно оваа рамка испорачана како „Нон пејпер“ од Франција да биде уредена и детализирана во документ, како и колку ќе биде подолг патот за членство на Македонија. Очигледно е дека нашите партнери од ЕУ констатирале дека постојат двојни стандарди кај земјите аспиранти за членство. Доколку видат дека вие формално, а не суштински затварате поглавја, постои можност повторно да се навраќате на иста група поглавја, а тоа може да прерасне во приказна која нема завршеток. Затоа потребно е да се европеизираме одвнатре, за да можеме да бидеме конкурентни во Европа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, најголемата историска и политичка грешка е лагата што го донела Заев на власт, најпрво наречена „живот за Македонија“, а потоа креирањето и водењето политика на коленичење, со што ги навредил граѓаните.
– Играјќи „All inn“ изгубивме сите ние, но не треба да очајуваме. ВМРО-ДПМНЕ има визија знае како да ги води, така што сум убеден во онаа брза лента за членство во ЕУ. Дали тоа ќе биде за пет години или никогаш, тоа зависи од нас, рече меѓу другото лидерот на најголемата опозициска партија.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
