Македонија
5. December 2024 - 16:39

Мицкоски: Екстремите како ДУИ треба да се изолираат

Екстремите во политиката треба да се изолираат. На премиерот му е драго што СДСМ одлучи да не ги поддржи интерпелациите на ДУИ

СДСМ вчера на седница на Извршниот одбор реши:

„Во однос на поднесените интерпелации од политичката партија ДУИ, Извршниот одбор заклучи дека нема да ги поддржи и гласа за овие интерпелации. Тие не претставуваат решение за кризата во овој момент и може да значат нови поделби по етничка основа.

Потребен беше поинаков пристап, да се седне на лидерска средба и да се упатат заеднички пораки за смирување на тензиите затоа што тој пристап е базиран на политичка зрелост, но власта тоа го одби.“ – објави СДСМ во своето соопштение.

Премиерот и денеска повтори дека Лидерска средба не е потребна иако како што рече, таа врата никогаш нема да биде затворена.

По дивеењето на прославата на Денот на Албанското знаме МВР приведе 18 лица од кои 4 се веќе во притвор.