Македонија
12. јуни 2018 - 23:17

Мицкоски: Договорот е капитулација за Македонија

Договорот на Заев и Ципрас е таканаречен договор за капиулација на Македонија, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот лидер вели дека уште од далеку се гледа каков пораз е ова за Македонија

Мицкоски потенцираше дека неговата партија останува на познатите ставови дека нема да прифати промена на Уставот за промена на Уставното име. Од Заев побара обврзувачки а не консултативен референдум на кој како што рече, ќе гласа против

Опозицискиот лидер го повика премиерот пред потпишувањето договорот да и го достави на опозицијата и му порача дека ги откажал сите активности и е подготвен да се сретне со него.  Мицкоски потенцираше дека опозицијата може веднаш да излезе на предвремени парламентарни избори, доколку претходно, власта ги обезбеди истите услови кои СДСМ ги доби на последните парламентарни избори.