Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека во земјава ќе се градат кампови за мигранти и дека ќе се примаат мигранти од Велика Британија. Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека за таква тема не е разговарано со Велика Британија.
- Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да примаме ниту еден мигрант. Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме било какви кампови на илегални мигранти. Тема за неуспешни апликанти на азил не е разговарана, но доколку се разговара, ќе биде одбиена од страна. Разговарано е дека заеднички ќе се бориме против илегалната миграција, изјави Мицкоски пред македонското Собрание каде присуствуваше на седницата на Постојната комисија за заштита на правата на слободите и правата на граѓанинот.
Коментирајќи ги денешните најави на лидерот на опозицијата Венко Филипче кој најави онлајн петиција за можен влез на мигранти, Мицкоски рече дека СДСМ се фаќа за тема која е тотален антипод на нивната политика. „За таа тема да водите кампања, тоа претставува однапред изгубена битка“, рече Мицкоски.
- Ги гледам овие салта, гимнастики што ги прави опозицијата на отворена сцена. Сакам да кажам дека не само што не е вистина, туку за мене претставува навистина чудно во отсуство на било каква идеја која може да мобилизира, да допринесе во рамки на општествениот живот во Македонија, тие да се фаќаат за тема која е тотален антипод на нивната политика и природно припаѓа на политиката на ВМРО-ДПМНЕ. За таа тема да водите кампања, тоа претставува однапред изгубена битка. Ние можеме да водиме кампања за зајакната антиилегална миграција. Јас ги разбирам, немаат идеја, немаат концепт, се обидуваат да се мобилизираат и сега ќе измислуваме теми, ќе растураме пердуви, ама каде од сите теми токму ја најдоа оваа која е фундаментална вредност на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.
Најави развивање на проект „safe country“ со којшто државните граници ќе бидат целосно мониторирани со што ќе се спречи илегален влез.
МИА
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
