Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари во Вашингтон. Ваквата информација синоќа ја сподели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
-Премиерот доби покана. Тоа е огромна и ретка работа, од регионот веројатно е единствениот што ќе присустува. Нешто што многу говори, покрај државата, и за него лично како е доживеан и како е ценет во најсилната држава во светот. Тоа е огромна чест и за нешто што сум убеден дека премиерот ќе го искористи во најдобро светло да ја претстави Македонија и да ги презентира македонските национални интереси што на крајот на денот, ќе значи бенефит за сите нас, рече Николоски.
Претходно Мицкоски најави дека на 18-ти јануари заминува во посета на САД. Според него, за време на посетата на Вашингтон се предвидени многу средби и разговори и теми што сака, како што вели, да ги отвори и да ги затвори.
Најави дека ќе оствари средби со водечки луѓе од администрацијата на Вашингтон.
Официјалните претставници на САД прават планови на церемонијата на положување заклетва на 20 јануари да присуствуваат повеќе странски државници. Упатена е покана и до кинескиот претседател Си Џинпинг.
Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на неговиот претходник и наследник, соопшти Белата куќа.
Ново на Сител
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
-
Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат
-
Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп