Мицкоски: До кога заев ќе потпишува капитуланстки договори, ја бараме вистината
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ петти ден протестира со барање власта да објави што се преговара со официјална Софија.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски од пред Министерството за надворешни работи рече дека во јавноста има конфузија за тоа што се преговара. Рече дека според информации од дипломатски извори од Брисел и од Софија, власта преговарала токму за прашањата за кои вели оти воопшто не се на маса.
-Тоа се идентитетот, културата, посебноста, јазикот, наследството, антифашистичката борба, сето она за коешто велат дека не преговараат. И многу е важно јавноста да ја знае вистината, бидејќи некако во јавноста се одомаќини зборот нов договор со Бугарија, односно со Софија. Јас не знам навистина до кога е потребно Зоран Заев да потпишува капитулантски договори на штета на македонскиот народ, на штета на македонскиот идентитет, но едно е јасно дека ниту тоа што до сега го работеше, ниту тоа што во иднина ќе го работи, а колку е пократка таа иднина толку ќе биде подобро за македонскиот народ и македонската држава. Нема да донесе подобри денови, нема да донесе европреспектива, нема да донесе подобар стандард, ниту повисока плата, поефтина електрична енергија, помалку корупција и криминал, многу повеќе луѓе спасени од Ковид пандемија, многу подобри услови во образованието, во здравството, едноставно тоа го можат нови политичари кои немаат концесија, луѓе коишто знаат како треба да се справат вистински со проблемите. Тоа не е двоецот Заев-Бучковски, за нив наједноставно е да потпишуваат капитулации мислејќи дека на тој начин ќе си обезбедат слобода и подолга политичка кариера, рече Мицкоски.
Според него, не е тешко власта да каже за што преговара.
-Се надевам дека нема да се премисли Бујар Османи и дека утре ќе дојде во парламентот и пред пратениците отворено ќе зборува за тоа за што преговара, но без празни флоскули, дланката на срце, колку се тие погодени, колку се сите разочарани, тоа не треба народот да го знае. Тоа го знаеме. Народот знае дека не ги бива, бидејќи денеска требаше да биде третата годишнина од првиот датум којшто го добивме, со онаа позната слика во авиончето. Но за жал, три години подоцна ниту датум, ниту почеток на преговори со Европската унија, а полноправно членство во Европската унија е се уште далечна и неостварлива цел од оваа денешна појдовна точка. Така што се надевам дека ќе останат барем еднаш на зборот и отворено ќе зборат пред македонската јавност и пред граѓаните чии што пари ги трошат најпрвин гледајќи фудбалски натпревари со службениот владин авион, а потоа шетајќи на фотосесии низ Брисел. Тоа што го донесоа е само срам и капитулација, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици