Мицкоски би прифатил средба со Ковачевски доколку се разговара за предвремени избори
Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите оторени прашања.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска за плусинфо кажаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè уште не е пристигната официјална покана. Од партијата порачуваат дека Мицкоски ќе прифати разговор со мандатарот, но само на одредени теми.
-За покана за средба на Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дознаваме од медиумите и сè уште нема официјална покана за средба. Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата, појаснија за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.
Новата влада предложена од Ковачевски, се очекува да биде изгласана во Собранието во сабота.
Ново на Сител
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат