Македонија
3. јуни 2022 - 16:37

Мицкоски бара мнозинството да ги усвои мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ

Владата нека ги преземе предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на даноците на храната и горивата и нека ги предложи како свои. Опозицискиот лидер Мицкоски денеска од Битола побара од премиерот Ковачевски итно да се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот шок.

Мицкоски уште еднаш повтори дека од идниот месец не чека ново поскапување на струјата бидејќи како што рече, власта краде наместо да копа јаглен. Констатираше дека Македонија веќе капитулирала во енергетската криза, со најава дека истото ќе ни се случи и со економската кризa.

Според Мицкоски, единствен излез од ваквата криза е организација на предвремени избори за да може како што кажа, власта да ја преземат одговорни луѓе кои ќе се справат со серијата кризи во кои што се наоѓа државата.