Мицкоси: Предлогот за широка Влада е под услов уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да ги достави со гаранции кои ЕУ и САД ќе ги дадат
„Јас дадов предлог и ќе го повторам тој предлог. Влада да, нека биде преодна Влада која ќе ги организира следните избори, а во таа преодна Влада ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде заедно во друштво со ДУИ. Доколку на дневен ред дојдат уставните измени ВМРО-ДПМНЕ би влегло во тој процес само доколку измената на уставот биде ефективна откако државата ќе стане земја членка на ЕУ“, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на Денот“.
Тој додаде дека важно е да важат уставните измени тогаш кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.
„Ако ја гледаме преговарачката рамка таму ќе видиме дека никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промениме Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ“, кажа Мицкоски.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цени дека доколку некој навистина сака Македонија да ја види во ЕУ тогаш тоа ќе го направи инаку во спротивен случај ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи било какви уставни измени кои ќе значат неизвесност во процесот на преговори.
Запрашан за тоа под услов уставните измени да важат одложено дали ВМРО-ДПМНЕ би ги прифатило овие измени кои сега влегуваат во собраниска процедура кои Владата треба да ги испрати. Мицкоски на тоа одговори дека тогаш ќе достават предлог, а позади тој предлог ќе бараат гаранти, а тие гаранти треба да бидат ЕУ и САД, за таквиот предлог да се достави до Собранието.
„Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции односно канцеларијата на Европската Унија и САД каде тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ“, дециден е Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
