Мичио Каку: Избегнувајте вонземјани
Физичарот Мичио Каку смета дека евентуалниот контакт со вонземјани треба да биде избегнат, бидејќи нема информации за какви суштества станува збор.
- Да претпоставиме дека се шетате низ шума и забележите животни, ќе поминете некое време со нив и ќе ви стане досадно бидејќи не можете да ги споделите вашите идеи со нив. Сметам дека од истата причина и вонземјаните не се заинтересирани за нас – немаме што да им понудиме, нагласува Каку.
Според него, другите цивилизации би можеле да бидат технолошки многу понапредни од нас, па контактот со нив може да биде опасен за нас.
- Претпоставувам дека повеќето се мирољубиви, бидејќи не претставуваме никаква закана за нив. Но, сепак, постои ризик кој не смееме да си го дозволиме затоа што немаме никакви шанси против нив, наведува Каку.
Физичарот потенцира дека не би требало да се трудиме да привлекуваме внимание на евентуалните вонземјани, бидејќи не ги знаеме нивните намери.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата