-->
-->
Мицевски: ВМРО ДПМНЕ нема да прифати промена на името на АРМ
-->

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ остануа на тоа дека нема да го гласа законот за одбрана со променето име на Армијата, но тоа не значи и дека се против влезот во НАТО, како што тврди власта, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски.
- Не можеме да прифатиме обезличување на Армијата и промена на името на АРМ иако тоа никој не го бара. Ние поднесовме сосема идентичен закон, единствено без промена на името на АРМ. ВМРО ДПМНЕ ниту го поддржа Преспанскиот договор, ниту гласаше за устанивте измени за промена на името, па нема да прифати ни промена на името на АРМ - вели Мицевски.
Сепак ВМРО ДПМНЕ е за влез на Македонија во НАТО и Мицевски најави дека ќе се гласа за ратификацијата на протоколот за НАТО во парламентот на 11 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
