-->
-->
Мицевски: Нејасно е барањето за автентично толкување на СДСМ
-->

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска изјави дека е нејасно зошто барањето за автентично толкување на СДСМ се однесува на членот 11 од Законот за помилување, кога Владата го коментира членот 11-а од Законот.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи ставот на претседателот на партијата, и инсистира да се прифатат нивните барања со закон да се забрани занимавање со политика на аболицирани политичари. Ќе поддржиме иницијатива за да се стави крај на злоупотребата на механизмот аболиција и ги повикувам сите пратеници да направиме заеднички исчекор и да се стави крај на сите политичари кои во минатото биле аболирани или аменстирани, рече Мицевски.
Барањето ќе се разгледа откако ќе се добие мислење од Владата, а неговите очекувања, како што кажа, се дека ќе има „некои игри“ кој се и како се треба да биде опфатен со тоа автентично толкување.
-Се толкува само членот, а не се даваат дополнителни мислења или сугестии или што се треба да опфати тоа. Да го добиеме прво мислењето од Влада, да го разгледаме и ќе го имате ставот. Начелниот став на ВМРО-ДПМНЕ го кажа претседателот на партијата Христијан Мицкоски, рече координаторот на пратеничката група Мицевски.е
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
