Мицевски: Дијалогот на „Жан Моне“ добра основа за продолжување на разговорите за Деловникот од следниот парламентарен состав
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по започнувањето на третата средба во рамки на процесот „Жан Моне“ истакна дека овој дијалог не застанува тука и дека ќе претставува добра можност за продолжување на дијалогот помеѓу пратениците од идниот состав.
-ВМРО-ДПМНЕ активно учествува во третото продолжение на процесот „Жан Моне“. На изминатите две продолженија успеавме да ги доближиме ставовите и благодарение на дијалогот што го имавме беше донесен Етичкиот кодекс и се приближија одредени ставови. Се надевам дека со денешниот дијалог ќе успееме да ги приближиме позициите. Она што и европратениците на самото отворање на дијалогот го порачаа е дека овој дијалог не престанува тука и дека ќе претставува добра можност за продолжување на дијалогот помеѓу пратениците на идниот пратенички состав, изјави Мицевски.
Благодарение на пратениците ВМРО-ДПМНЕ, како конструктивна опозиција, рече тој, донесени се реформските закони кои значеа оценка повеќе за состојбите во Република Македонија и дека ние сме единствениот функционален парламент во нашето опкружување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија