Мицевски: Дали преку новата програма за полагање на правосуден испит Дескоска си овозможува нови финансиска бенефиции за нејзиното семејство
Нов непотистички скандал ја тресе македонската јавност, скандал во кој повторно во главната улога се наоѓа висок државен функционер од редовите на СДСМ.
Откако пред само неколку дена се само кандидираше за член на Венецијанската комисија, министерката за правда Дескоска се појавува во нов скандал.
Имено министерката за правда Рената Тренеска Дескоска со измените во програмата за полагање на правосуден испит, програма која излезе на 17.01.2020 во Службен весник, програма која ја донесе лично Дескоска, воведува нов критериум за идните правници, а тоа е поседување на книгите на нејзиниот сопруг, Тони Дескоски.
Министерката за правда Тренеска Дескoска како нов критериум за полагање на правосуден испит во програмата која ја сама ја донесе на почетокот на оваа година воведува предмет кој го предава лично нејзиниот сопруг, Тони Дескоски, поточно се работи за предметот меѓународно приватно право.
Се поставува прашањето каква корист ќе има Дескоска од оваа измена? Колку илјадници евра фамилијата Дескоски ќе заработи од новата програма за полагање на правосуден испит.
По кои критериуми е одбрана, токму литературата на нејзиниот сопруг, за полагањата на Правосуден испит?
Откако две години како е министер за правда прави се за да го заштити криминалот на власт која ја предводеше аболицираниот Заев сега и самата таа е вмешана во деанија кои претставуваат школски пример за непотизам.
Ја повикуваме Атникорупциската комисија да отвори постапка за овој случај, и да каже дали во овој случај има конфликт на интереси.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици