Мицевски: Да ги задржиме младите во државата
Мило ми е што Унијата на млади сили ме покани на нивната трибина „младински предизвици и перспективи на локално ниво“. Ќе ги слушнеме младите затоа што тие се предвесници и на пркосот и на револуцијата, а јас осврнам на активностите кои ние како пратеничка група ги имаме во Парламентот и она кое го нудиме.
Како опозиција можеме да реагираме со амандмани, меѓутоа тука е и претседателот на УМС Сергеј Попов кој ќе ги пренесе оние делови од програмата кои ние како пратеничка група во наредниот парламентарен состав како владејачка партија ќе ги имплементираме во интерес на младите во државата.
Да успееме прво да ги задржиме младите, а потоа зошто да не да почнеме да враќаме и од тие продуктивни кадри кои ги има нашата држава во целиот свет.
Националниот совет, младинската програма, формирање на локални совети, во секоја институција млад соработник кој ќе работи за младите и нивните проблеми, Агенцијата за млади и спорт да направи истражување кои се потребите на младите и многу други проекти и мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира во својата програма.
Тука сме да ги слушнеме младите, да ги видиме проблемите, и да бараме решавање на тие проблеми.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство