МИ: Ракометарите промашија пенал за победа над Алжир
И ракометарите продолжуваат со добрите настапи на игрите во Оран но испуштија победа над домаќинот Алжир откако Џонов не реализира пенал во последната секунда од мечот ккој заврши со резултат 24-24.
Голема битка се водеша помеѓу селекциите на Македонија и Алжир кој имаше голема поддршка од домашната публика. По победата против Грција , нашите репрезентативци доста смело влегоа во дуелот со домаќинот на игрите и на почетокот обезбедија водство од 4-1. И во продолжението Македонија водеше со еден до два гола разлика но во финишот од првиот дел бевме запрени од Калифа Гедбан па на пауза се замина со резултат 15-15.
По постот од 6 минути на почетокот на вториот дел Алжир дојде до предност од 3 гола но тоа не ги збуни нашите малди ракометари и во финишот дојде израмнување на резултатот на 24-24. Победата беше на дофат кога судиите досудија седмерец за Македонија но Гедбан го одбрани ударот на Џонов и резултатот остана нерешен.
Следниот натпревар на Медитеранските игри нашиот национален тим го игра на 30 јуни, а противник е репрезентацијата на Шпанија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар