МФ: Податоците за буџетските расходи веќе се објавуваат на нашата веб страна

Министерството за финансии во реакција на соопштението од СДСМ за буџетскиот дефицит во јануари годинава истакнува дека сите расходи се во рамки на Буџетот. Посочува дека на месечна основа ги објавува податоците кои се усогласени со Меѓународниот монетарен фонд и оти нема простор за политички поентирања и шпекулации.
- И СДСМ и целата македонска јавност на веб-страната на Министерството за финансии можат да ја најдат фискалната табела за јануари 2017 – месечна сметка за извршување на буџетот, во рамки на која се наведени расходите и приходите за тековниот месец. Сите граѓани можат веднаш да проверат на што се трошат државните пари и самите да се уверат дека сите расходи се во рамки на буџетот, стои во реакцијата од Министерството за финансии.
За да се избегнат манипулациите со сезонскиот ефект за дефицитот во јануари, посочуваат од ресорното Министерство, на располагање се и извештаите од минатите години, па јавноста може да спореди каква била реализацијата на буџетот и буџетскиот дефицит години наназад во јануари.
- Со оглед дека Министерството за финансии на месечна основа ги објавува овие податоци и тие се усогласени со методологијата на Меѓународниот монетарен фонд, навистина нема простор за шпекулации и политички поентирања, бидејќи секој кој сака може да направи увид, соопштуваат од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
