МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс, соопшти Министерството за финансии.
Резултатот е особено значаен, се додава, ако се има предвид глобалното окружување и неповолните фактори, како што се техничката рецесија во СР Германија и продолжената војна во Украина.
-Од „Фич“ очекуваат намалување на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2023 година, кој дополнително ќе се намали во 2024 година и ќе биде на нивото од 3,4% од БДП, наведуваат од Министерството за финансии.
Според „Фич“, зајакнувањето на фискалната консолидација следува како резултат на континуираниот напредок на Владата во управувањето со јавните финансии и воведувањето на фискални правила и Фискален совет, согласно новиот Закон за буџети.
Инфлацијата е сведена на едноцифрено ниво, а од Агенцијата очекуваат таа да продолжи да се намалува во 2024 година, како резултат на замрзнувањето на цените на храната и ценовните очекувања.
Од Агенцијата нотираат дека растот на платите и пензиите ја зголемуваат потрошувачката, а тоа ќе влијае позитивно и на економскиот раст. Приватната потрошувачка и инвестициите особено во енергетскиот сектор, како и изградбата на Коридорот 8 и 10 д ќе продолжат да го поттикнуваат растот во текот на прогнозираниот период.
Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што пак понатаму има влијание врз зголемувањето на економскиот раст, извозот, вработеноста и платите, стои во соопштението од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
