Метју Палмер во посета на Тирана
Американскиот заменик-помошник државен секретар Метју Палмер денеска ќе допатува во Тирана, со цел да помогне во изнаоѓањето решение за излез од политичката криза во земјата.
Палмер денеска ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, додека во текот на утрешниот ден планирани се негови средби со претседателот на Албанија, Илир Мета, како и со лидерите на опозициските Демократска партија и Социјалистичко движење за интеграција, Љуљзим Баша и Моника Круемади.
Според аналитичарите, се очекува со посетата на Палмер длабоката политичка криза во Албанија да добие друга насока.
Тие потсетуваат на посетата пред две години на Брајан Хи, кој успеа да ги убеди Рама и Баша да седнат на преговарачка маса и да се договорат, по што беше надмината тогашната криза пред парламентарните избори.
Сепак се чини дека на Палмер ќе му биде потешко, бидејќи не успеа неговиот прв обид преку телефонски разговор да ги убеди Баша и Круемади да се премислат во одлуката опозицијата да се откаже од пратеничките мандати.
Пред доаѓањето на Палмер, претседателот Мета упати апел власта и опозицијата да почнат дијалог за изнаоѓање решение, со цел во земјата „да се вратат уставноста, институционалноста и демократијата”.
Ново на Сител
-
МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година
-
Мицкоски и Перински во посета на Кавадарци во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“
-
Бела куќа: Фондот со Украина ја покажува посветеноста на САД
-
Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
-
Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп
-
Сончево и топло, попладне пороен дожд
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди