Метео аларм: Невремето Невен носи дожд и снежна покривка од 30 сантиметри
Од утре, па во текот на следните денови територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на серија на влажни воздушни бранови предизвикани од зимскиот циклон „Невен“, соопшт Славчо Поповски.
Во текот на утрешната вечер како и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе се формира снежна покривка, таму кај што веќе истата ја има ќе се зголемува.
Снежната граница има услови да се спушти до околу или малку под 1000 метри надмоска височина.
Потоа в недела ќе имаме претежно суво време додека во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка ќе се зголемува, врнежите ќе продолжт и во понеделник но со тоа што услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места, провејување на слаб локален снег ќе има и во вторник додека температурите значително ќе се спуштаат и минималните ќе се движат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Нов влажен бран циклонот Невен треба да донесе в четврток и овој пат овој циклон треба да услови врнежи претежно од снег и на пониските места.
Исто така овој циклон ќе донесе снежна покривка на повисоките места и на планините од над 20 цм, на некои места и над 30 цм, а на високите планини и повеќе.
Ново на Сител
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
