Металург со реми против Адемар Леон го заврши настапот во Лига Европа
Ракометарите на Металург достоинствено се простија од настапите сезонава во групната фаза во Лига Европа, откако вечерва во неизвесен натпревар во Скопје одиграа нерешено 27:27 (16:13) против фаворитот Адемар Леон.
Во својот последен натпревар во рамки на групата А, Металург од самиот почеток имаше постојано водство во салата „Борис Трајковски“, што достигна највисоки четири голови разлика (19:15) по десет минути игра во второто полувреме.
Мартин Серафимов ја намали предноста на гостите, а Василије Калуѓеровиќ беше прецизен во последниот напад на Металург за конечни 27:27.
Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше репрезентативецот Серафимов со седум голови.
Настапот во Лига Европа ракометарите на Металург го завршија како последнопласирани во групната фаза, со ефект од една службена победа, седум порази и два нерешени натпревари.
Ново на Сител
-
Трајанов: Ни најавија „Фајзер“ а нè вакцинираa со „Спутник В“
-
41-годишна кавадарчанка пронајдена почината
-
Азири: Предлог-законот за државајнство в понеделник ќе го доставиме до владиното мнозинство
-
Словенечката Влада со препорака до граѓаните да не патуваат, посебно во Хрватска
-
Од 1 мај влез во Бугарија само со потврда за вакцинација, негативен ПЦР тест или документ за прележан Ковид-19
-
33 починати и 489 нови случаи на Ковид-19
-
Заев за Рашковски: Никој не e виновен додека тоа не се докаже
-
Приведен криминалец осомничен за 4 кражби, кој се барал и со централна потерница за доиздржување на затворска казна